Во рамки на последната година од неговиот мандат како амбасадот на Обединетото Кралство во Реублика Македонија н.е. Метју Лосон ги пренесе честитките на Британскиот крал Чарлс III по повод Денот на независност ан Македонија.
“„Во чест на Денот на независноста Неговото Величество Кралот Чарлс Трети упати писмо до претседателката Гордана Сиљановска-Давкова со искрени честитки по повод националниот празник.“
„Стратешкото и меѓувладеното партнерство меѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија ја потврдуваат заедничката посветеност за унапредување на соработката во надворешната политика, безбедноста и одбраната, особено во рамките на НАТО, како и во борбата против организираниот криминал и корупцијата.“
„Истовремено, продолжуваме да градиме цврсти врски во областа на економскиот развој, образованието и културата во интерес на просперитетот на двете земји.“
„Ова е мојата последна честитка за Денот на независноста како британски амбасадор во оваа прекрасна земја. Ми беше чест и привилегија да придонесувам за зајакнување на британско-македонските односи.“
„Од мојот мандат ќе понесам драги спомени, искрени пријателства и длабока почит кон луѓето, културата и традициите на земјата.“
„Честит Ден на независноста!“
-рече во рамки на своето видео обраќање Метју Лосон- Британски амбасадор во Република Македонија

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Одбележан патрониот празник на ООУ „Крсте Петков Мисирков“ во Оризари
Предложен притвор за вработен во ДЗС осомничен за поткуп
Делегација на МВР учествуваше на 15. конференција на ИНТЕРПА во Доха, Катар