БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Средба на Данела Арсовска со амбасадорот на Полска во Македонија

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денеска во просториите на Град Скопје се реализираше средба меѓу Градоначалничката Данела Арсовска и амбасадорот на Полска во Репубвлика Македонија неговата екселенција Војциех Тицињски. На средбата било разговарано за поддршката на Европската Унија и Европската Инвестициска банка и Полската влада кои што партиципираат во поддршката за изградба на пречистителната станица на Скопје. Притоа биле истакнати можностите за продлабочување на соработката на повеќе различни полиња особено на полето на туризмот.

🇲🇰🇵🇱 На средбата со амбасадорот на Полска Н.Е. Војциех Тицињски, разговаравме за проектите кои се приоритет, поддршката на ЕУ и ЕИБ каде со поддршка партиципира Полска особено за пречистителната станица на Скопје, со посебен осврт на зелената транзиција, подигањето нови мега паркови и активностите што се преземаат за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните и заштита на животната средина.

Постојат можности за поинтензивна соработка меѓу Градот Скопје и Амбасадата на Полска, особено вo поглед на развој на туризмот во Скопје и зголемување на бројот на туристи од Полска, привлекување странски инвестиции имајќи во предвид дека Полска е единаесети трговски партнер на Македонија.”

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

-соопшти Данела Арсовска- Градоначалник на Град Скопје.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace