Министерството за здравство ја информира јавноста дека останува цврсто посветено на принципите на стручност, законитост и правичност во функционирањето на здравствениот систем.
Секое постапување спротивно на законските прописи и медицинските стандарди ќе биде предмет на соодветни институционални постапки, во соработка со надлежните органи.
– Безбедноста на пациентите и квалитетот на здравствените услуги се наш врвен приоритет. Најголем дел од здравствените работници чесно, совесно и стручно ја работат својата работа. Апелираме доследно да ги почитуваат професионалните и етичките норми. Апел до граѓаните е да користат услуги исклучиво од овластени и лиценцирани даватели на здравствена заштита. Истовремено, потсетуваме на начелото за презумпција на невиност , порачува министерот за здравство, Азир Алиу.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Левица: Породилниот надоместок повторно доцни – мајките оставени без пари
Николоски: Имаме најевтино гориво во регинот, мерките на Владата даваат конкретни резултати
Николоски: Над 70 % раст во авиосообраќајот споредено со Владата на Заев