Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во емисијата „За или против” на Алфа телевизија се осврна на Изборниот законик кој денес влезе во собраниска процедура и говореше за најавата на опозициската СДС за блокада на истиот.
„СДС го блокира овој законик од две причини. Прво, наоѓа алиби да не учествува на парламентарните избори, кога и да се случат, сакајќи на тој начин уште неколку години да му купат на Венко Филипче на чело на СДС, или припремаат алиби за поразот доколку учествуваат на тие парламентарни избори”, рече Стојаноски и додаде:
„Во прес-конференцијата на Филипче тој вели „гласањето на нашите гласачи во дијаспората е антидемократски чин”. Тоа не сметам дека не е само навреда, туку тоа директно оди во корелација на нарушување на македонскиот идентитет, нешто што СДС подолго време го прави наназад”.
Стојаноски посочи дека политиката не е Фејсбук, туку, како што кажа, потребно е преземање на одговорност затоа што граѓаните очекуваат резултати.
„Откако е Левица парламентарна партија, или е во дел од советите на општините, сетете се барем на една целисходна работа што тие ја имаат направено. Едно е да земате плата и да ве има на социјалните мрежи, друго е вие да влезете во проблемите, да излезете на теренот и да се обидете нешто да надминете”, посочи Стојаноски.
Стојаноски посочи дека очекува поголема конструктивност од страна на опозициските партии, со цел, како што кажа, испорачување подобри политики кон граѓаните.
„СДС и Левица го потценуваат народот, нешто што мене убедливо најмногу ми пречи. Политиката не е работа на апстрактност, туку на конкретност. Тоа што вие ќе го кажете, потоа ќе треба да го истестирате со текот на времето и да го направите”, заклучи Стојаноски.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Одбележан патрониот празник на ООУ „Крсте Петков Мисирков“ во Оризари
Предложен притвор за вработен во ДЗС осомничен за поткуп
Делегација на МВР учествуваше на 15. конференција на ИНТЕРПА во Доха, Катар