https://www.facebook.com/tonevskitoni/videos/1851724324842381/
Квалитетната патна инфраструктура, квалитетното и редовно водоснабдување, како и одржувањето на јавната чистота и уредување на запуштените делови во општината несомнено придонесуваат за подигнување на животниот стандард на граѓаните, но и за зголемување на атрактивноста на општина Пробиштип како потенцијална локација за нови инвестиции.
Токму затоа и во периодот од 2013 до 2017 година останавме силно посветени на инвестициите токму во област. Во овој период се инвестираа повеќе од 270 милиони денари, од кои дел беа наменети за патната инфраструктура, дел за изградба на тротоари, дел за подобрување на уличното осветлување, дел за изградба на нови водоснабдителни системи, дел за канализациони системи.
Во овој период се изградија повеќе од 27km патишта и улици кои освен што придонесуваат за полесна мобилност на граѓаните, несомнено влијаат и врз економскиот развој на општината и зголемување на конкурентноста.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
26 годишен штипјанец физички ја нападнал својата девојка
Повреден 56 годишен жител од Кочани во сообраќајна несреќа подлегнал на повредите во болницата во Штип
Сообраќајка кај село Тработивиште, делчевско меѓу автомобил и мотоцикл при што пострадал мотоциклистот