БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Три форми на ТРЕСОК

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во систем кој не функционира, поединци се претвараат во “момци/девојки за се” кои потоа се жалат дека никој ништо не работи и затоа сме таму кај што сме.

Тој систем содржи една клучна аномалија на недостиг на доверба кон останатите како алиби за сопствената месијанска улога како поединецот ќе ја спасува државата или народот.

Вистинската умешност на високоразвиен граѓански концепт за управување подразбира создавање на функционална мрежа на знаење, ресурси и намери за креирање на предвидлива иднина во која секој ќе си го најјде своето место под сонцето. Тој комплекс на “месијанство” или предодреденост да се владее народот од најраните епохи на човечката историја до денес е рак рана на секој авторитарен систем кој иако можеби во даден период ќе го оправда своето постоење, сепак на крајот завршува со ТРЕСОК. Токму граѓанскиот коннцепт на хармонизирана доверба меѓу сите општествени чинители е процесна контратежа на режимскиот начин на управување.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Постојаното развивање на граѓанскиот карактер на државата па дури и на една локална заедница е насушна потреба која извира од основните принципи на еднаквост и праведност.

Само на тој начин потенцијалот, знаењето и капацитетот на поединецот може да допринесе во севкупниот општествен развој и општо добро за сите.

Форматот на безмилосен капитализам и трупање на финансии и моќ кај ограничена група на луѓе го враќа општеството во рангот на едноумие кое повторно е осудено за да заврши со ТРЕСОК. Во оваа фаза на привидно т.е. декларативно практикување на граѓанскиот концепт на државата попознат преку терминот финансократија- финансиски моќници се ставаат во улога на менаџирање на продуктивноста. Нивната улога на предодреденост е дефинирана од поседот на клучот од касата со пари, но поради големината и комплексноста на процесите кои се релевантни за нивниот капитал, се под директна закана на финансиски помоќните неколкумина во светски рамки. И доаѓа до преструктурирање на капиталот, се до предизвикување на глобални финансиски шокови и депресии кои што имаат разорна моќ на било која социјалистичко-комунистичка револуција.

Третиот ТРЕСОК произлегува од комодитетот и стоицизмот на единката-поединецот кој што своето учество во оптималниот граѓански концепт мора да си го заслужи во рамки на својот живот. “Граѓанинот” е општествен идеал кон кој што човечкиот бит постојано мора да се стреми, да се движи кон него, да се бори, да “паметува” и низ дела да ја реализира својата идеја за граѓански концепт. Одмавнувањето со рака и туркањето на проблемите под тепих не само што нема да донесат прогрес туку со тек на време почнуваат да делуваат ретроградно како аномалија која го разјадува целокупниот општествен систем во кој се развиваат.

Формите на граѓанско управување се релативно неистражено подрачје во современата социолошка наука што поради отсуство на слобода, што поради комформизам.

Кога последен пат сте погледнале/слуушнале експерти-социолози како полемизираат за можностите на граѓанското општество?

Не треба да се меша социолошката мисла со политика! Научниот карактер на идентификација на општествените процеси е неизорано поле кое секако нема да даде плодови во оваа наша некултивирана земја.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace