Убијците на Никола Саздовски одлучиле да се бранат со молчење иако биле повикани од обвинителот и нивните адвокати.
Јавноста бара правда и е во очекување обвинителството да ја заврши истрагата и да соопшти во обвинението за кое кривично дело ќе ги гони трите момчиња кои го претепаа 21- годишниот Саздовски, а почина по 10 дена поминати во безсознание.
Неофицијално е дека постојат и видео снимки, а се испитуваат и очевидци. Обвинетите единствено што проговориле е дека денеска дознале за смртта на Саздовски.
Од тројца видени напаѓачи, МВР против сите тројца поднесе кривична пријава за насилство, пред да почине Саздовски, уапси двајца, а вети дека се работи на пронаоѓање на третиот кој се уште е во бегство.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Апел од владата: Да не се шпекулира со бројот на жртви од пожарот во Кочани
Мислимe не може полошо- се лажемe: Врховниот суд пред одлука што може да го урне македонскиот економски систем
Kрис Павловски донираше еден милион денари за семејствата и настраданите