УСПЕХ? Пред некој ден Зоран Заев изјави дека сега, за разлика од порано, ни се обраќале според уставното име. Нормално дека ни се обраќаат според уставното име, бидејќи тогаш уставното име, за разлика од сегашното, беше Република Македонија. Борбата не беше да се променат името и Уставот, туку да се задржат. Неводејќи сметка за ова, Зоран Заев очајнички се обидува поразот да го прикаже како победа. Ако суштината беше во тоа (капитулација), тогаш секоја власт досега можеше да извојува „победа.“ Резултатот од „победата“ е следниов: и покрај промената на името, Уставот и бројните капитулантски отстпаки, и понатаму се наоѓаме таму каде што бевме, меѓутоа во „нешто“ полоша форма – бесрамно коленичење пред вратите на ЕУ и НАТО. И, нормално, посети и ветувања на секакви сурати (можеби и сурогати?), сјатени од целио свет.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Службени лица на МВР и МЗШВ од Струмица и Берово помагале во пустошење на шумите во Малешевијата
Божиновска: Рубинот инспирација за иднината – уметност и геологија се споија со цел ресурсите да ги претвораме во знаење, вредност и иднина
Николоски: Автопатот Прилеп-Битола се гради со силен интензитет. Пелагонија ќе добие модерен автопат по сите стандарди за нов економски развој и посилна иднина на регионот