Се поизбројани се деновите на власта кога ќе бидат исправени пред реалноста дека уставни измени под бугарски диктат нема да има!
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа што се очекува од пленарната седница во петок за отворање на Уставот за внесување на Бугарите и другите народи истакна дека уставните измени нема да поминат по што следен чекор би биле предвремени парламентарни избори.
„Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е јасен и недвосмислен повеќе од една година а тоа е дека уставните измени нема да поминат, по што апелираме да не прават натамошни комбинаторики. Ќе се види дека немаат легитимитет за било што и единствениот чекор кој што треба да следи се предвремени парламентарни избори“, нагласи Стоилковски.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заменик-министерот Ристески се обрати на отворањето на Првиот Бизнис форум во општина Делчево „Заедно да подадеме рака на развојот“
ДКСК го објави Каталогот на пријавени подароци за избрани и именувани лица за 2025 година
Финансиска полиција поднесе пријава против поранешен претседател на Стоматолошката комора на Македонија