Во среда (01.07.2026 година) во салата за Совет на општина Пехчево со почеток во 10 часот ќе се одржи 10 редовна седница на Советот на Општина Пехчево.
Во продолжение го пренесуваме Предлог-Дневниот ред за седницата:
ДНЕВЕН РЕД
- Усвојување на записникот од 8-та седница на советот на општина Пехчево;
- Усвојување на записникот од 9-та седница на советот на општина Пехчево;
- Предлог одлука за изменување и дополнување на Одлука за основање на Заедничко јавно претпријатие за регионално управување со отпад ЕКО ИСТОК – СЕВЕРОИСТОК Свети Николе;
- Предлог одлука за утврдување на начинот на финансирање и обезбедување средства за тековно работење и одржување на Заедничкото јавно претпријатие за регионално управување со отпад ЕКО ИСТОК – СЕВЕРОИСТОК Свети Николе;
- Предлог одлука за именување на Домот на културата во c.Панчарево, општина Пехчево;
- Предлог за распишување на јавен повик за пријавување на лица за член на управен одбор во ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево;
- Предлог одлука за определување на начинот на распределба и цената за користење на просторот на плоштадот, за вршење на дејности за време на Фестивалот на дувачки оркестри Пехчевски Павловден – 2026;
- Предлог одлука за формирање Локален комитет за изработка на ЛЕАП на Општина Пехчево;
- Предлог одлука за усвојување на Кварталeн извештај за извршување на буџетот на општина Пехчево за период од 01.01.2026 година до 31.03.2026 година;
- Барање од граѓани;
- Советнички прашања;
Совет на општина Пехчево
Претседател
Миле Гошевски с.р.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Градоначалникот на Делчево Иван Гоцевски дел од јавниот форум „Жените знаат што им треба“, во организација на Здружението „Гласен Текстилец“ во Штип
ПОТПИШАНИ ДОГОВОРИ ЗА РАБОТНО АНГАЖИРАЊЕ ВО РАМКИ НА ПРОГРАМАТА ЗА ОКР ВО ОПШТИНА ВИНИЦА
Распишан конкурсот за општински стипендии за академската 2026/27 година