В.д. претседателот на скопскиот Кривичен суд Стојанче Рибарев поднесе оставка на функцијата од лични прилини, потврди денеска Судскиот совет на Република Македонија.
– На 25.10.2017 година ВД Претседателот на Основен суд Скопје 1 Стојанче Рибарев до Судскиот совет на Република Македонија достави писмено известување дека поднесува оставка на функцијата и по неговото разрешување да продолжи да ја извршува функцијата судија на Врховниот суд на Република Македонија. Според наводите во известувањето, причините за поднесувањето на оставката се од лична природа, се наведува во соопштението од Судскиот совет на РМ.
Судскиот совет најавува дека во најкраток можен рок ќе закаже и одржи седница во врска со ова прашање.
Рибарев претходно, на 20 октомври го информирал Судскиот совет на Република Македонија дека од истиот ден се наоѓа на отворено боледување и негова замена ќе биде судијата Диана Груевска Илиевска.
Стојанче Рибарев ја извршуваше функцијата в.д. претседател на Кривичен суд Скопје од мај годинава.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Напредува процесот за новиот експресен пат Кочани- Делчево согласно предвидената динамика: Презентација на техничкото решение во Делчево
Градоначалникот на Делчево Гоцевски оствари средба со активисти на невладината организација “Жена” од Делчево
Тошковски на промоцијата на Националната стратегија: Значително намален бројот на жртви во сообраќајот, Македонија во конкуренција за светско признание за сообраќајна безбедност на светскиот полициски самит во Дубаи