Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Карбинци ја алармира јавноста за предизборните активности на локалната власт во општината.
На својот фејсбук профил ги разобличи обидите за додворување на градоначалникот и локалната власт кон граѓаните на општината со асфалтирање на улици во текот на актуелната кампања за Претседателските избори.
Во трката за гласот на жителите на општина Карбинци актуелната власт работи во сред кампања.
Како до пред кампањата да не можеа да се потрошат парите на граѓаните од јавниот буџет, па сега во обид да се додворат на граѓаните Градоначалникот на општината асфалтира улички за да прикаже дека нешто сработил. Прочитани сте. Паниката во вашите редови е очигледна а големиот пораз кој ви претстои нема да го ублажи асфалтот пред изборите во село Аргулица. Граѓаните напамет ве научија вас и вашата асфалт-кампања пред избори.
Граѓаните знаат да препознаат кога се манипулира и овој пат оваа фарса нема да помине.
-напиша на фејсбук Виктор Паунов.
