БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Виктор Паунов: Општина Карбинци со нова градинка целосно ги задоволува своите потреби за згрижување на деца

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денеска на пригоден настан градоначалникот на општина Карбинци Виктор Паунов во присуство на Премиерот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски и Заменик министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски во селото Таринци го одбележаа почетокот на Новата 2026 година со пуштање во употреба на нова детска градинка.

Пред медиумите и јавноста своја изјава имаше градоначалникот Паунов кој што го истакна своето нескриено задоволство што за жителите на општината Карбинци токму на ваков начин започна оваа нова година.

“Почитувани претставници на медиумите, нема подобар начин да се започне новата година од еден ваков прекрасен настан.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Денес отвораме нова градинка, т.е. ја отвараме доградената постоечка детска градинка во селото Таринци која што имаше потреба да биде доградена, Општина Карбинци повеќе ќе нема листи на чекање од она што го имавме во минатото. Вкупниот капацитет на оваа детска градинка отсега па натаму ќе биде со можност за прием на вкупно 100 дечиња.

Го поздравувам присуството на премиерот Христијан Мицкоски, на заменик министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски со кои што заеднички за волја на вистината овој проект целосно и успешно го завршивме во предвидениот рок.

За јавноста ќе спомнам дека овој проект е со вкупна вредност од 21 милион и 400 илјади денари, финансии кои што се обезбедени со учество на општина Карбинци во износ од 35%, а 65% се обезбедени од ресорното министерство и Владата на Република Македонија.

На мое огромно задоволство среќен сум што можам да кажам дека имаме еден успешно завршен проект и општина Карбинци конечно ќе ги задоволи потребите кога е во прашање прием на деца во градинка. “

-рече во изјава за Македонската јавност градоначалникот на Карбинци Виктор Паунов.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace