Професорката Виолета Ачкоска во рамки на Научната трибина посветена на ликот и делото на Гоце Делчев приложи свој научен труд во кој што таа говори за животот и делото на идеологот на Македонското револуционерно двиќење Гоце Делчев.
Трибината беше организирана од Социјалистичката партија на Македонија во текот на денешниот ден а на истата говореа повеќе еминентни научници.
Во продолжение пренесуваме неколку поенти од обраќање Виолета Ачкоска на Научната трибина:
“Горда сум што сум Македонка и што денес со моите колеги и голем број македонски патриоти на најдостоинствен начин го одбележавме денот на раѓањето на Гоце Делчев, на трибината организирана од СПМ. Еве дел од моето експозе на трибината:
„Можеби посебен нишан имаше звездата што падна од Кукушкото небо над домот на Делчеви, на 4 февруари 1872 г., кога се роди првото машко чедо на Султана и Никола. Toa беше звездата што блесна и ја осветлуваше Македонија во најклучните мигови на нејзината борба за автономија. Низ само една деценија револуционерна дејност (1894 – 1903), Гоце Делчев ги сублимира и ги изрази вековните стремежи, борба, недежи, сите завршени и незапочнати битки на својот македонски народ за слобода и државност.
Времето во кое се родил, време кога Македонија била под стегите на султанскиот феудализам, од една, и бунтовниот карактер, од друга страна, ја предоредиле патеката на неговата судбина. Покрај Гоце, од семејството на Никола и Султана Делчеви, за слободата на Македонија паднаа и двајцата други синови – Мицо и Милан. Сестрата Руша, пак, стана симбол на жена предадена на револуционерното дело, како и мајката Султана. Двете жени на Делчеви, заедно со паднатите јунаци, влегоа во епската историја на Македонија, како пример на пожртвуваност и секогаш ќе бидат дел од моралното и патриотското воспитување на младите генерации Македонци. …
…Ликот и делото на Гоце Делчев беа и останаа светост за секој Македонец и затоа тој има заслужно место во вечната куќа на македонскиот опстој. Неговите коски почиваат во престолнината на слободна Македонија, според заветот што го остави“.
Утре во 11 часот, традиционално оддаваме почит на гробот на Делчев во црквата св. Спас.
Погледнете го во целост нејзиното обраќање во продолќение:


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заменик-министерот Ристески се обрати на отворањето на Првиот Бизнис форум во општина Делчево „Заедно да подадеме рака на развојот“
ДКСК го објави Каталогот на пријавени подароци за избрани и именувани лица за 2025 година
Финансиска полиција поднесе пријава против поранешен претседател на Стоматолошката комора на Македонија