Денес, во чест на загинатите припадници на Армијата кај месноста Карпалак, владина делегација предводена од министерката за образование и наука, Весна Јаневска, министерот за спорт, Борко Ристовски и заменик министер за европски прашања, Викторија Трајков, положија свежо цвеќе и им оддадоа почит на десеттемина армиски резервисти кои пред 25 години ги положија своите животи.
Со длабока почит се сеќаваме на Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски.
И по 25 години, 8 Август останува ден на тага, почит и сеќавање. Нивната жртва и исполнувањето на должноста кон татковината остануваат трајно врежани во нашата колективна меморија. Наша обврска е со достоинство да го чуваме споменот за нив и да го пренесуваме на идните генерации.
Вечна им слава и благодарност!

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Делегација на МВР учествуваше на 15. конференција на ИНТЕРПА во Доха, Катар
Министерот Клековски ги прими новоименуваните директори на три универзитетски клиники
По измените во проектната документација – продолжуваат градежните активности на Домот за стари лица во Кочани