БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Драган Ковачки се поклони пред жртвата на бранителите кои загинаа под кукавичкиот напад на терористите кај Карпалак во 2001 година

Screenshot

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Пратеникот и Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки утинава се поклони пред жртвата на Македонските војници кои загинаа под напад на кукавичка терористичка акција во 2001 година.

Од името на ВМРО-ДПМНЕ и од свое лично име Ковачки упати своја порака во врска со овој настан кој заврши трагично за 10 прилепски бранители на Македонија во војната во која беше втурната нашата држава во 2001 година.

“Денеска се навршуваат 25 години од најголемиот масакр врз припадници на безбедносните сили во 2001 година. (!)

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

На 8 август 2001 година кај Карпалак, во заседа, животот го загубија 10 прилепски бранители.

За својата татковина Македонија животот го дадоа: Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски.

За многумина во нашата татковина тоа беше обичен августовски ден, но за овие момчиња тоа беше денот во кој ја одбраа Македонија. И ја платија највисоката цена.

Нема поголем чин од подготвеноста да паднеш за татковината, семејството и вредностите што ги браниш.

25 години подоцна, се сеќаваме на нивната жртва. Жртва како потсетник дека слободата и државата се бранат, а не се предмет на пазарење.

Вечна им слава на македонските бранители.”

-напиша на социјалните мрежи во врска со овој настан Драган Ковачки.

Креирано од:


Пренеси го гласот