Денеска на прес конференција од партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ Д-р Игор Николов ја прозва актуелната власт за излажаните ветувања во однос на лекарите.
Претседателот на Комисија за здравство при ВМРО-ДПМНЕ ја алармираше јавноста дека актуелните здравствени власти наместо реална поддршка за трудот и работата на здравствениот персонал им дели парчиња хартија наречени благодарници.
“Деновиве излезе вистината на виделина. Здравствените работници наместо ветеното реално покачување на платата, ќе добијат, бонус од 5 проценти, нагласувам 5%. Пред КОВИД, за време на КОВИД кризата ветувањата беа секојдневни. Денес сме сведоци дека било само лага до лага. За лекар специјалист, ветуваа плата 100 илјади денари основна. За медицинарите кои работат во КОВИД центрите ветуваа, инфективен додаток. За специјализантите ветуваа, платени дежурства и вработување. Ветувањето беше дека од март платата ќе биде покачена за 5%, и нема да биде само еднократен бонус. Ова денес е уште едно во низата поигрувања со здравствениот кадар со кој и онака кубуриме. Зарем вака, со благодарници од Лекарската комора и неостварени ветувања и лаги му се заблагодарувате на медицинскиот кадар?!
Се сеќавате ли што рековте министре кога завршувал најсмртоносниот третиот бран од КОВИД-19?
-Ветувавте покачување на платите на сите вработени во здравството за 5%. И повторно лагите излегоа на виделина. Било додаток, односно бонус. Со лагите за платите во здравството, покусо не останува ниту премиерот, Зоран Заев. Тој уште во втората половина на 2020-та година за оваа тековна 2021 вети покачување од 10 проценти на платите на здравствените работници. Тогаш Заев рече: „Следната година 2021 следува покачување на платите во здравството за 10%“. Прашуваме, до кога со лаги?! Вам, не ви е грижа за оние кои на своите плеќи го понесоа товарот на КОВИД кризата. На нив им дадовте ливче во форма на Благодарница во соработка со претседателката на Лекарска комора за која има решение од Антикорупциска за судир на интереси. Лекарите и оние кои што го чуваат здравјето на граѓаните не бараат премногу. Бараат да бидат еднакво вреднувани и ценети, како оние кои што ја чуваат и делат правдата во земјата. Не ви доликува, за едните бонус од 5% а за другите покачување на платата од 15%. Тоа не ви поминува! Лекарската комора продолжува да молчи и дели благодарници, синдикатот молчи и обезбедува кредит за своите членови. Навистина е доста од хипокризија.”
-соопшти Игор Николов на денешната прес конференција од партиското седиште на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Делегација на МВР учествуваше на 15. конференција на ИНТЕРПА во Доха, Катар
Министерот Клековски ги прими новоименуваните директори на три универзитетски клиники
По измените во проектната документација – продолжуваат градежните активности на Домот за стари лица во Кочани