Кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Иван Јорданов во Штип во јавноста обелоденува скандал во кој што според него се вмешани поединци од кабинетот на градоначалникот Сашко Николов кој што е и негов противкандидат на претстојните локални избори во октомври.
Според Јорданов станува збор за обид преку најексплицитна манипулација да се нанесе политичка штета на него како кандидатот на опозицијата од страна на поединци од блиското опкружување на градоначалникот на Штип Сашко Николов.
“ЛАЖНА ВЕСТ![]()
Кога не можат со проекти да го добијат гласот од народот, ќе се обидат со вакви методи да го дискредитираат противникот. Овој лажен профил зад кој се крие добро познато лице, вработено во кабинетот на градоначалникот, веќе подолг период се служи со клевети, невистини и лажни вести, кои ми даваат мотивација повеќе да продолжам да ја говорам вистината. Колку повеќе лаги изнесувате, толку сте подалеку од народот. Во прилог на објавата, пред цела јавност го доставувам мојот и имотот на моите родители, кој што е јавно достапен на официјалната страна на ДКСК.
Тоа што локалните шерифи на СДС, не го пријавуваат имотот, непочитувајќи ја законската обврска, е прашање со кое ќе се занимаваме после 17 ти октомври. За крај што и да правете, вистината ќе победи !!!
П. С. Пчели и да сакате, не можете да чувате …”
-напиша на фејсбук Иван Јорданов во врска со овој обид на поединци да влијаат врз перцепцијата на електоратот која што не е наклонета кон функционерите од власта.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Директор на јавното претпријатие во Македонска Каменица осомничен за злоупотреба на службената положба и овластување
32 годишен штипјанец нападнал референт во ЈП “Национални шуми”
Кривична за 56 годишен беровец кој поттикнувал омраза на социјални мрежи