БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

ВМРО-ДПМНЕ ќе ги објави имињата на партиските војници кои градоначалникот на Штип сака да ги вработи преку огласи со специфични услови

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

“Од наредните месеци, Општина Штип ќе троши дополнителни 3.000.000 денари, за да вдоми 6 од своите најверни поддржувачи!

Новиот Градоначалник, сѐ уште не седнал удобно во фотелјата, во период на рецесија, распишал оглас за вкупно 6 нови вработувања.

Советник за возен парк е едно од местата кое е објавено на оглас. За истото, условите се наместени со математичка прецизност, така што веќе го знаеме и името на оној кој треба да биде вработен.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Работното место, пак, Советник за водење на антикорупциска политика и политика за интегритет е измислица на криминалната власт, преку која сака да ги сокрие нерегуларностите и да вдоми партиско војниче.

Барањето на вакви специфични кадри, кои се веќе привремено вработени во Општина Штип покажува дека овој конкурс не е транспарентен и не сите апликанти се еднакво конкурентни на истиот!

Имињата, познати на ВМРО-ДПМНЕ како и претходно, ќе ги објавиме јавно, за да се увери целата јавност дека СДС е најголемото зло што се случило на државава.”

-интегрален текст на прес конференцијата на Игор Ефтимов од ВМРО-ДПМНЕ ОК Штип.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace