Најниска температура изутринава во седум часот во Македонија е измерена во Берово, каде што се регистрирани минус седум степени, по што со минус четири степени следат Скопје, Струмица, Тетово и Битола, како и Прилеп, Крива Паланка, Куманово и Демир Капија со минус три. Во Маврово, Штип, Лазарополе се измерени минус два сетепа, а во Гевгелија минус еден.
Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во Демиркаписко има појава на намалена видливост. Во текот на денот ќе биде претежно сончево, преку денот потопло. Ќе дува слаб ветер од западен правец. Кон крајот на денот ќе има извесно зголемување на облачноста. Температурата ќе достигне од 12 до 19 степени. Во Скопје температура до 16 степени.
Утре ќе има зголемена облачност преку целиот ден, а во вечерните часови ќе има слаб локален дожд, особено на северозападот од земјава.
За време на деновите од викендот ќе преовладува сончево време со умерена облачност и со температури во рамки на просекот за овој период од годината. Во сабота ќе дува умерен северен ветер.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
ДКСК го објави Каталогот на пријавени подароци за избрани и именувани лица за 2025 година
Финансиска полиција поднесе пријава против поранешен претседател на Стоматолошката комора на Македонија
Божиновска со низа билатерални средби и пораки за забрзана транзиција на UNECE Resource Management Week