По повод Денот на македонското востание, делегации од Советот на Општина Кочани, Сојузот на Здружението на борците од НОВ и партиски делегации од Кочани положија свежо цвеќе на Споменикот на слободата и на бистите на Љупчо Сантов и Раде Кратовче во Паркот на Револуцијата, оддавајќи почит на сите учесници во вооруженото и антифашистичко востание, кои ги вградија животите за денешната слобода.
Честитајќи го 11 Октомври, градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов, истакна дека Денот на востанието претставува продолжување на слободарските традиции на македонскиот народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, Кресненското и во Илинденското востание.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Општина Кочани донираше 3 милиони денари на Црвен крст – помош за настраданите во несреќата
ДЗР: ЈП „Исар“ Штип се соочува со финансиски и еколошки предизвици, поради што генерира со 60% загуба на вода, 25,2 милиони денари обврски и отсуство на дозволи
Во Делчево куче каснало малoлетничка, сопственикот на кучето заработи кривична пријава