Денеска втор ден по ред градоначалникот на општина Делчево Горан Трајковски излезе на прес конференција во одговор на вчерашната прес конференција на Претседателот на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ ОК Делчево Иван Гоцевски:
“Почитувани граѓани,
Од ноторен лажго – градоначалник не бива!
Ова е последната плата која е исплатена на пожарникарите за месец јануари 2025год. на 04 февруари 2025год.
Тоа што е набавено за периодот откако јас сум градоначалник за ТППЕ што го наброив во претходната прес конфереција е факт и тоа го знае делчевска јавност.Но исто така делчевската јавност знае дека сегашната партија на Иван Гоцевски во осум годишниот период ниту ги покачи платите на пожарникарите ниту ја опреми единицата на било кој начин.
Манипулациите кои што постојано и континуирано се пласираат на јавноста тешко дека ќе ви вродат со плод,тоа заврши со последните парламентарни избори, а за сите тие манипулации резултатот ќе го видите на претстојните локални избори и во Делчево и во целата држава .
Неможеш ти Иван ,покрај СЕ тоа што сум го набавил за ТППЕ и што сум ја опремил единицата, да спинуваш и да мислиш дека ќе ме доведеш во ситуација да се правдам.
Во голема заблуда си и мислам дека си дезориентиран.Со сето тоа што е опремена единицита јас сум горд и ми претставува сатисфакција на мојата работа како градоначалник.
Слушајќи те како спинуваш, ми се гади и ми претставува мачнина од такви политичари кои што сеат ветер и магла и ветуваат се и сешто , а кога ќе дојдат на власт не се способни ништо да направат, но граѓаните се веќе доста искусни и ги препознаваат манипулациите. Треба да ти биде јасно дека ниту ќе ме заплашиш ниту ќе ме уплашиш да ги коментирам погрешните политики на централната власт.
И како политичар треба да ти биде јасно дека Гоце Делчев е херој и идол на сите македонци и најдолно и најгнасно е да ги делите македонците и по тој основ.
Јас се гордеам што потекнувам од фамилија чии што предци се бореле со комитите за независна и суверена македонска држава и се гордеам со тоа што ги застапувам социјал демократските идеи кои биле водилка и на Гоце Делчев.
И посветено за тебе Иван – на твоите пресконференции кога ќе ги направите уставните измени, а ти можеш и веднаш, зад твојот грб да ја ставиш сликата на Цар Борис или на Хан Аспарух.”
-стои во интегралниот текст на денешната прес конференција на Градоначалникот на Делчево Трајковски.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Советниците на ВМРО-ДПМНЕ во делчевскиот Совет поднесоа БАРАЊЕ за ставање во функција на регионален пат село Разловци- село Митрашинци
Акција за озеленување на јавни површини во Кочани
Лекар во Клиничката болница во Штип физички нападнал свој колега за време на операција