Повеќе од цела година во Пијанец механизирани екипи со тешка шумска и транспортна механизација сечат и изнесуваат огромни количини на шумска маса надвор од општина Делчево.
Некогашните живописни шуми кои што беа бели дробови не само на овој регион тук и пошироко веќе ги нема, на чија сметка приватни компании дебело профитираат од сечата и трговијата со дрвна маса.
По катастрофалните пожари во 2021 година кои што го зафатија просторот на планината Средна почнувајки од атарот на село Тработивиште во Пијанец па се до Берово и беровските села во Малешевијата останаа голи ридови, планински падини и долови.
Тогаш неспособноста на локалните власти како и централната власт за првовремено брзо справување со пожарите овозможи уништување на огромни површини со репрезентативна зимзелена шума што ќе остане запаметено како еден од најголемите злостори против граѓаните на овој регион во последно време.
Она што сега внесува дополнителен аларм на радикално загрижувачката состојба со животната средина во Пијанец е појавата на сечење и трговија на зелена (неопожарена) шумска маса од приватните компании и ангажирани поединци со индиции пренесени од граѓани преку социјалните мрежи, дека дебело профитираат од ова јавно добро под игнорантското око на надлежните институции на државата.
Наместо зачувување на она што остана како жива-зелена шума, за колку-толку да се анулира негативниот ефект врз животната средина, дополнително се сечат површини со зелена шума која што има драстично повисока цена како техничко дрво на пазарот во споредба со изгорената шумска маса за чија што сеча се плаќаат паушални износи на државата од страна на субјектите кои вршат сеча.
Ваквите наводи за криминал кој што се случува на јавна сцена во Пијанец за кој што сведочат граѓани на социјалните мрежи, наидуваат на глувост кај надлежните кои што треба да го контролираат и санкционираат ваквиот злочин врз животната средина и стандардот за живот на граѓаните.
А еклатантниот и евидентен злостор против граѓаните на Пијанец продолжува и понатаму!


Фото извор: Фејсбук
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Демант на „Банана филм“ на Милчо Манчевски на соопштението со груби лаги и дискредитации од страна на Агенцијата за филм од 16 мај 2023 година
Вака министерот Оливер Спасовски лажеше за кодот “МК” и “МКД” на регистарските табли на возилата
МВР без пардон санкционира брзо возење кое е присутно на патиштата низ државата