БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Во Град Скопје се потпиша Декларацијата за подобрување и унапредување на положбата на женското претприемништво

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

По повод денешниот празник 8-ми Март Денот на жената во Град Скопје беше организиран настан на кој што беше потпишана Декларацијата за подобрување и унапредување на положбата на женското претприемништво. и се одра панел дискусија за правата на жените како на локално така и на анционално ниво.

“Денеска во Градот Скопје се одржа панел дискусија за подобрување и унапредување на правата на жените, на која беше потпишана Декларацијата за подобрување и унапредување на положбата на женското претприемништво.

На панел дискусијата учествуваа претставници на јавните препријатија од Градот Скопје, жени на раководни позиции од градската администрација како и претставници на граѓански здруженија.
Важно е обезбедување системска поддршка која ќе гарантира економска сигурност и финансиска независност, како и фер третман за овозможување кариерен напредок на жените.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Жените се и секогаш биле двигател на промените во општеството, затоа мора да се градат политики кои ќе овозможат економско јакнење на жените, да ги промовираме успешните примери и да придонесеме за нови успеси. Системски да се воспостави механизам за поддршка, да се зголеми учеството на жените во процесот на носење на одлуки, да се подигне свесноста за потенцијалот, затоа што на тој начин го обезбедуваме личниот и колективниот развој во општеството, за сите сегашни и идни генерации.”

-соопшти градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace