По основ усогласување на пензиите за пензионерите со порастот на индексот за потрошувачката кошничка за едно семејство, за месец јули пензионерите ќе добијат покачување на своите пензии за цели 125 за оние пензионери кои ја земаат минималната мензија или 188 денари за пензионерите на кои што на трансакциска сметка им легнува износ на просечна пензија. Ова го соопштија од Министерството за труд и социјална политика предводено од Јагода Шахпаска.
-Редовното законско усогласување на пензијата се врши два пати во годината од 1 јануари и 1 јули секоја година според процентот на порастот на индексот на трошоците на живот, што обезбедува одржување на економската вредност и куповната моќ на пензијата. Почнувајќи од 2019 година покрај редовното усогласување се предвидува и дополнително усогласување во случај доколку бруто домашниот производ во претходната година има реален пораст повеќе од 4 отсто, се наведува во соопштението од Министерството.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Здравјето почнува со добри навики: dm поддржа панел за машкото здравје и понуди dmBio и Sportness закуски на Health & Fitness Forum 2026 во Скопје
Објавен е „Буле и Куле мамкини и таткини“ – роман за младешкиот бунт и светот на возрасните
Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026