Таа беше толку нежна и слаба, и кревка и бледа, но во исто време, возбудлива и по форма и по содржина.
Ме извозбуди од мигот кога се родив, испрскан со крвта од папочните врски на моите прадедовци. Ја педа, ја мртовец….Ја земја, ја пепел…и се сторија тие фетуси и неконтролирани еротски страсти на наши први комшии (наши т.н. ,,татковци”), во премиси на политики на наши домашни предавници. Бев крстен во водата на Мајката, земјата Мама, крстен во плацентата уште нероден, знаејки дека само Фројд има одговор за сексуалната апстиненција и кризата на Мајката. Во моите очи, во очите на моите браќа и сестри по род и одрод се кријат очите на нејзините претходни чеда, некои наследени аномалии на предавства и генетска грешка. Таа беше, и остана мајка на синови и чеда, едни верни а други развратни и блудни по профил и по бренд. Беа желни за власт а наши-(не)наши, сепак деца од иста мајка а друг татко. Тие, млади, религиозни, испостени плачат и паѓаат во транс за трошка профит, за трошка слава и пет минути власт. Паѓаат во белината на снегот, во таа чистина незагадена од никаква човечка бактерија, ќорави кутриња на безочна кучка.
Занесени од забранети супстанци, државни сметки и брзи коли, ослободени во својата разврат продолжуваат со силувањето на Мајката. И ден-денес паѓаат пред нозете на Мајката , живи а неми, пред своите прародители глумат претседатели на задруги модерни, а всушност обични позери за селфи на опшествената скала на глупоста.Традиционалните и скромни печалбари отидоа по сув леб и корка горчини а добија старосна дилема. Напред или назад? Испилени во жегата на пладневното предворје на Бурата која иде,…незапирливо, знаеја дека практично се предадени во старт. Пред да почне оргијата за Војна на плодните и јаловите, ке има прилог во утрешните весници, портали или предвесници.
Дали во вид на вакцини или лажен ПР, тоа времето ќе каже… Па, вие одлучете на која страна ке спиете вечер? На Левата или на Десната? Додуша можете и на стомак а можете и на грб.
Секако тртичната коска веке ви е зафатена со рани. Плаче машкоста од нивните гради, небаре пол менувале на државна сметка?! Па за ова ли бевме? Да шетаме Друмови ко лажни Кумови? Зар да чекаме години да ги згазат плеќите наши за да Европејката во црн сатен како богомолка ни се закачила и сака да не оддели од Црквата, од Фамилијата, од најмилото? Гробишта ке биднат а Името не ке и го спомнете! Ке бидете ‘Блгари, Серби ке бидете! Ке бидете Греки, Албанци ли сакате да бидете?! И бидете ако сакате Вие! Таа беше толку слаба и кревка, но возбудлива по природа и нарав, по географија и историја, (не)научена на canabis sativa и бело брашно, Западна девојка за сестра а селска девојка учена по стар ред да ја има за прва брачеда?! Зар личи? Исус остана далеку од испостени погледи на уште полажните црковници и пророци, мизерни (не)верници. Фиктивните животи на овие кукли , исфрустрирани индивидуи заслепени од болен кариеризам и реален атеизам , вешто скриен од очите на Масата,ни ја пр…..т Мајката!?
Зар Мама!? Денес и Јас живеам со полни гради ги мирисам нејзините останки и трпки ме минат, оти ги лично ги знам оние кои Исус го изневерија. Сега, останува само да го чекаме. Да се доиспочитуваме во стилот на обичното борење на трева зелена, ние, Разоттуѓените чеда на Мама. Сега, останува или да живееме како Црква или да си пукаме во главите?!
Наместо да бараме гробно место за ближниот свој да се обидеме да се бориме за крајната неопходност, како ,,Електра“ на Софокле. Да проникнеме во Умот на сите опшествени слоеви и да го оставиме Очекуваниот да си поигра со мислите на застранетите чеда, да го ставиме Мудриот на пиедестал да го транспонираме Боговското во Човечко , приземјено , со вистински постапки и решенија. Ве научија на разват и политички сили! Дилови ви беа во мислите, тендери и провизии…а Мама си страѓаше од своите синови, од ваму, од таму… Немојте бре чеда Божји, да си ја силувате Мајката!
Пишува: Гоце Љ. Марков – колумнист, Човек и Македонец

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
РАБОТНИЧКАТА КЛАСА НА ОЛИМПИСКИ
Ана Симонова: ОЦЕНКАТА НЕ СЕ НАСЛЕДУВА. ЗНАЕЊЕТО СЕ СТЕКНУВА
Ијан Мекјуан и кожата на маса