БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Впечатливи совети на професорот Дамблдор од маестралниот „Хари Потер“

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Филмот на љубителите на бајката и волшепството. Безвременски филм на интелегенцијата и моќта. Дамблдор како гласот на разумот на Хари Потер, неговиот водич и ментор, и тоа како можат да ни се од голема корист и во реалниот живот. Овој мудар волшебник може да стане и вашиот глас на разумот и водич кога имате проблем. Неговите лекции и совети можат да станат дел од нашето секојдневно функционирање:

– „Хари, нашиот избор покажува кои сме навистина многу подобро од нашите способности.“

– „Среќата може да се најде дури и во најмрачните времиња, само ако човек се сети да го запали светлото.“

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

– „Според моето не толку скромно мислење, зборовите се нашиот непресушен извор на магија. Тие можат да предизвикаат болка, но и да ја излечат.“

– „Не ги жалете мртвите. Жалете ги живите, а најмногу оние кои живеат без љубов.”

– „Доколку ја потиснувате болката некое време, таа ќе биде многу посилна кога конечно ќе ја почувствувате.“

– „Се плашиме од непознатото само кога размислуваме за смртта и мракот, ништо повеќе.“

– „Староста е глупава и заборавена кога ја потценува младоста.“

– „Нема да успеете доколку живеете во вашите соништа, а заборавите да го живеете животот, запаметете го тоа.“

– „Вистината е и прекрасна и ужасна, затоа треба да се користи многу внимателно.“

– „Чудно, но оние кои треба да ја имаат власта, можеби се оние кои никогаш не ја барале моќта да владеат.“

– „Важно е да се борите, повторно да се борите и да продолжите да се борите, бидејќи само така злото ќе може да се држи под контрола, но никогаш целосно да се искорени.“

– „Потребна е голема храброст за да им се спротивставиме на нашите непријатели, но исто толкава храброст е потребна и за да им се спротивставиме на нашите пријатели.“

– „Сите мора да се соочиме со изборот помеѓу тоа што е правилно и тоа што е лесно да се направи.“

– „И на најдобрите им се случува да си ги изедат зборовите.“

– „Младоста не може да знае како се чувствува и размислува староста, но старите се виновни доколку заборават како е да се биде млад.“

– „Иако доаѓаме од различни места и зборуваме различен јазик, нашите срца чукаат како едно.“

– „Болката е дел од секој човек. Фактот што можете да почувствувате толкава болка е вашата најголема моќ.“

– „Што повеќе пари и живот! Ова се двете работи што секој човек би ги одбрал како најважни. Проблемот е што луѓето честопати го одбираат токму она што е најлошо за нив.“

– „Мораме да се обидеме да не потонеме во нашиот очај, туку да го пребродиме.“

– „Силни сме онолку колку што сме обединети, а слаби – онолку колку што сме поделени.“

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace