БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Вработените во Министерството за енергетика влегоа во рудникот Саса под земја

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Вработени од различни сектори во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, на 04 април 2026 година реализираа посета на Рудник „Саса“, со цел одблиску да се запознаат со надлежностите што ги покрива Министерството во делот на рударството.

Иако дел од присутните не се директно вклучени во секторот рударство, посетата им овозможи практично разбирање на процесите, предизвиците и стандардите што се применуваат во оваа стратешка индустрија. Преку директен увид на терен, вработените имаа можност да ја поврзат институционалната работа со реалните операции во рударски услови.

Во рамки на посетата беше одржан воведен брифинг, на кој беа презентирани тековните рударски активности, безбедносните стандарди и современите технолошки решенија што се применуваат во подземната експлоатација. Особено внимание беше посветено на системите за управување со ризици и мерките за заштита при работа во специфични услови.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Беше претставен и методот на подземна експлоатација со етапно откопување и последователно заполнување, кој овозможува континуитет на производството, високо ниво на безбедност и значајни еколошки придобивки.

Во текот на обиколката, вработените ги посетија:

  • објектот за подготовка на паста, каде што беше презентиран процесот на подготовка и контрола на квалитетот на материјалот што се користи за подземно заполнување;
  • објектот за суво одлагање, со приказ на современи технологии за управување со јаловината и намалување на влијанието врз животната средина.

Посетата претставува дел од заложбите на Министерството за континуирано јакнење на институционалните капацитети и подобро разбирање на секторите кои ги регулира, преку директен увид и практично искуство.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace