Брегалнички Портал

Вести од Брегалничкиот регион.

Време е да го урнеме Македонскиот Берлински ѕид! Ако ова нашево е демократија и држава, тогаш Мадагаскар е Империјална галактичка сила

Пренеси го гласот

Доколку се уште некој граѓанин посакува и мисли дека живееме во нормална држава каде што демократијата го има главниот збор, тогаш наивно и почетнички се лаже.

Ваквата антицивилизациска власт во државата им одговара единствено на нејзините соработници и оние кои што имаат големи бенефити од истата.

Сите останати чесни и достоинствени Македонци се исправени пред ѕидот на репресии, манипулации и прогон се до моментот на уривање на тој ѕид.

Падот на оваа ненародна, криминална власт украдена од малкумина челници на високи позиции во државните институции е нашиот Македонски Берлински ѕид кој што треба што поскоро да го урнеме.

Под ударот на силата на актуелната власт Македонија е поделена како никогаш досега по идеолошка основа, но во суштина поделбата е генерирана од неправдите и селективната правда која е уште поголема неправда. Криминалот и безредието наоѓа стимул и заштита кај поединци во власта а народот се плаши за својата егзистенција како никогаш до сега.

Аклтуелната власт може да биде срушена со масовен активизам и обединување на сите противници на владата во голем Македонски опозициски блок предводен од ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски како најсилна и најмасовна политичка опција која е против ненародната коалиција на СДСМ и ДУИ.

Секој поединец кој работи на ситнење на тој опозициски блок работи директно за опстој на актуелната влада и продолжување на ненародните политики и бандитизам со кој што се урива стабилноста на државата.

Пишува: Кирчо Анастасов

Креирано од:


Пренеси го гласот
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com