Штипската публика повторно ќе биде дел од магијата на Џез музиката. Три музички имиња ќе настапат на летната сцена во Домот на млади во Штип со музика која што иако е несвојствена за вообичаеното македонско секојдневие сепак е одлична можност за уживање во колоритноста и разиграноста на звуците и ритамот на џез музиката
Настанот е закажан за во сабота на 13 септември со почеток во 20.30 часот а влезницата за истиот чини 200 денари.
“Време е за Астибо Џез Фестивал!
Ја оживуваме магијата на џезот!
Програмата опфаќа настапи на реномирани музичари, работилници и придружни активности за ширење на џез културата во регионот!
Фестивалот има за цел да поттикне културна размена, едукација и уметнички развој.
13 септември / сабота – Голема Летна Сцена”
-стои во објавата на социјалните мрежи за самиот настан.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Гоцевски: Делчевските пензионери се потсетник дека времето не ја намалува вредноста на човекот – туку ја збогатува
Ѓоко Велковски од Делчево: Ќе продолжиме да се грижиме за пензионерите согласно нивните барања и потреби
61 годишна жена од кочанско пријавила дека била измамена за сума од 4000 евра