БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Заев за концесијата на Еуромакс: Знаат и концесионерите дека правно формалните можности НЕ СЕ ИСПОЛНЕТИ

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во изјава за јавноста Зоран Заев објави дека формално-правните можности за реализација на концесијата за рудникот Иловица-Штука во јужниот дел од државата од страна на концесионерот Еуроимакс не се исполнети.

Во продолжение ја пренесуваме неговата изјава во контекст на ова прашање:

“Во вторник мислам дека веќе имаме подготвено материјал за правните аспекти, работевме многу на правните аспекти, знаете дека бев лично со граѓаните, со концесионерите, со еколошките здруженија, за да извлечеме максимум на сите аспекти, но ние сме влада, на РСМ, најважно за нас е граѓаните зборуваат но истовремено се важни се и правно формалните аспекти, ако биде се завршено можно е овој вторник веќе да се донесе одлуката а ако не веќе следниот вторник ќе се донесе, зависи од правно формалниот аспект на поминување на процедурите низ помошните тела на владата дали ќе стигнат за самиот вторник за одлуката.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Одлуката треба да ја донесе владата јас не би коментирал претходно заради тоа што после ќе излезам со изјава на самата одлука, да ја образложам со сите детали, но отприлика знаат и граѓаните знаат и концесионерите правно формалните можности НЕ СЕ ИСПОЛНЕТИ.”

Од граѓанската иницијатива “Зелена Котлина” се решени да опстојат на блокадите со кои ја опструираат работата на рудникот со порака:

РУДНИК НЕМА ДА ИМА.

Во продолжение ја пренесуваме нивната реакција до јавноста:

ЕУРОМАКС ПАКУВАЈ КУФЕРИТЕ

Денес премиерот Заев излезе со значајна изјава во која ја кажува вистината дека концесионерот Еуромакс ги немаат завршено обврските од правно формален карактер и најави одлука на влада во врска со одземањето на концесијата на рудинкот Иловица-Штука.

Ние ја поздравуваме оваа изјава како чекор во вистинска насока и сме во очекување на правно формална одлука на влада што треба да се случи овој или евентуално другиот вторник.

Во меѓувреме остануваме на барикадите на патот кон рудникот на Огражден до конечното одземање на концесијата.

На Еуромакс им порачуваме да ја препознаат реалноста и да ја прифатат без непотребни додатни провокации зошто ќе следува жесток одговор од населението.

На работниците на Еуромакс им порачуваме да не подлегнуваат на провокации и буцкања од Еуромакс, а на археолозите да се стрпат до одземање на концесијата по што слободно ќе можат непречено да ги истражуваат значајните арехеолошки наоѓалишта на Огражден.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace