БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Ина Василевска: Министерот Димитров и цензусниот претседател Пендаровски треба да престанат да се бламираат и да нѐ срамотат

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Господинот Димитров, како делегиран претставник на Македонскиот народ би требало да ги знае барем основните исторски факти за државата која ја претставува.

И тој и цензусниот претседател Пендаровски треба да престанат да се бламираат и да нѐ срамотат. Ѓоргија Делчев бил Македонец од Кукуш. Студирал во Бугарија и станал егзархиски учител. Тоа значи, драги мои лилипулитански докторчиња на науки и високи државни претставници, дека него платата му идела од Софија.

Македонското револуционерно движење сметало на поддршката од Бугарија и ја развивало револуционерната дејност преку Воените бугарски кругови, а со логистика од Царска Русија.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Вие и тие кои ве инсталираа се одравте од проекти за идентитети и процеси во Југоисточна Европа и би требало да го имате во глава барем основното. За сите детали, можете да прашате, ене отворете го Катарџиев во Време на зреење или Крсте Битовски… Македонската историска наука над седум декади ги декодираше корените на македонскиот национален идентитет.

Гоце Делчев, според оригиналните факсимили кои ги работевме со Зоран Тодоровски се потпишувал на одредени места како Македонски Бугарин. Тоа го чинел заради конспирацијата и светоста на делото кое го правел и заради непречено спроведување на Автономијата на Македонија!

Фејсбук статус на Иванка Ина Василевска Македонска

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace