Денеска екипи на Јавното претпријатие “Камена Река” од Македонска Каменица започна со реализација на проектот за изградба на нова водоводна и канализациона по должина на улицата “Миле Јаневски Џингар” во централното градско подрачје.
Градоначалникот Димче Атанасовски денеска беше на лице место на терен водејки сметка градежните работи да се одвиваат со посакуваната динамика за да не создаваат непотребни дополнителни проблеми на сообраќајот во овој дел од градот.
Реализацијата на овој проект е потребна за да се изврши целосна реконструкција на коловозот на улицата потоа како дел од воспоставување на нова пракса за планска реализација со најрационално користење на буџетските сретства.
“Јавното претпријатие “Камена Река” започна со изградба на нова водоводна и канализациона мрежа на улица “Миле Јаневски Џингар’ (фаза 2).
Наша тенденција е при изградба на секоја нова улица да се менува и старата и дотраена водоводна и канализациона мрежа. Проектите ќе се завршуваат во најкраток можен рок, за да граѓаните веднаш ги чувствуваат бенефитите.”
-информираше градоначалникот Атанасовски во врска со реализацијата на овој проект.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Кампања „16 дена активизам против родово базирано и семејно насилство“ – промоција на книгата „Азбука на семејното насилство“ во Кочани
Активности од кампањата „16 дена активизам против родово базирано и семејно насилство“ во Кочани
Пронајдени над 4300 парчиња пиротехнички средства во Штип, лишено од слобода едно лице, следува пријава