Брегалнички Портал

Вести од Багалничкиот регион.

Кратко интервју со Station: Innermost- еден од бендовите кои ке настапат на Рудар Рок Фест 2022 во Пробиштип на 26 август

Во пресрет на возобновениот Рудар Рок Фест кој ќе се одржи на 26 август во градскиот парк во Прибиштип успеавме да ги контактираме луѓето од бендот Station: Innermost кои што ќе настапат помеѓу останатите бендови пред обединетата андерграунд публика во источна Македонија на сцената во Пробиштип.

Им поставивме неколку прашања на членовите од бендот во врска со фестивалот, за кои веруваме дека ќе побудат интерес кај нашите читатели па да отидат да го проследат нивниот настап во Пробиштип за кој што сме убедени дека ќе биде перфектен и над сите очекувања.

Наше интервју:

1.Брегалнички Портал: Ќе настапите на возобновениот култен Рудар Рок Фест 2022 во Пробиштип. Што може публиката да очекува од вас на сцената во Пробиштип?

Station: Innermost– Како и секогаш, нашата цел е енергичен настап и презентирање на нашата авторска музика на најдобар можен начин пред публиката во Пробиштип, каде до сега сме немале прилика да настапиме. Очекуваме одлична енергија, дружба и квалитетна музика од сите бендови.


2..Брегалнички Портал: Неодамна го отворивте концертот на Deep Purple во Скопје. Како е да се свири на иста сцена со легенди? Ваши импресии од концертот?

Station: Innermost– Чувството да се настапи на иста сцена со великани на рок музиката како Deep Purple е навистина посебно. Одлично искуство од кое може многу да се научи, да се остварат контакти со луѓе од светската сцена како и од блиску да се доживее што е тоа што ги прави големи бендовите од калибарот на Deep Purple. Особено не радува фактот што имавме исклучително позитивен фидбек од публиката, која во голем дел за прв пат се запозна со бендот и музиката која ја твориме. Прекрасна енергија и одлична свирка!

3..Брегалнички Портал: После издавањето на вашето EP и трите впечатливи и енергични синглови дали и кога може публиката да очекува албумско издание од вас?

Station: Innermost– Во план е нов авторски материјал кој ќе биде објавен во блиска иднина. Секако, тоа подразбира нови синглови, но и албумско издание како сублимат на целиот материјал.


Преслушајте во продолжение за кој калибар на музичари станува збор во рамки на Station: Innermost:

Креирано од: