БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Здравниот дом во Делчево промптно реагира за санација на дефект од витално значење за услугите за пациентите

Брзата и навремена реакција на менаџментот на ЈЗУ Здравен дом "Гоце Делчев" Делчево овозможи квалитетно и ефикасно надминување на техничкиот проблемот со доставата на вода, а состојбата сед очекува да се нормализира во наредните часови.
HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

До нашата редакција пристигна информација дека во дворот на Здравниот дом “Гоце Делчев” во Делчево се случила локална хаварија на главната доводна водоводна цевка, од поголем обем, која била причина за прекин на вода за ординациите, санитарните јазли и останатите медицински простории во оваа локална здравствена институција.

Од менаџментот на институцијата веднаш реагирале на лице место на дефектот каде што е констатирано пукање на дотраената главна водоводна цевка. Брзата и соодветна реакција на надлежните во Здравниот дом во Делчево подразбирала и информирање и барање на помош за интервенција и решавање на проблемот од стручни екипи од ЈКП “Брегалница” Делчево и од надлежните служби при општина Делчево и Македонска Каменица се со цел за побрзо и поефикасно надминување на проблемот со недостаток на вода за потребите на оваа витална локална институција.

Итноста на постапката за обезбедување на чиста вода за Здравниот дом во Делчево што експресно ја превземале надлежните меѓу другото е и поради тоа што од оваа водоводна цевка со вода се снабдуваат и службите на Итната медицнска помош кои имаат потреба од доток на вода постојано.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Благодарение на експресната реакција на менаџментот на Здравниот дом, вработените во здравниот дом задолжени за негово техничко одржување брзо и навремено во интерес на здравјето на граѓаните пристапиле кон набавка на соодветен материјал и негово поставување на лице место, па благодарение на нивните заложби пациентите и вработените во здравниот дом нема да имаат дополнителни проблеми.

Од Здравниот дом информираат за јавноста дека во текот на наредните часови се очекува целосно санирање на состојбата со што повторно ќе продолжи нормалното работење на сите здравствени капацитети на Здравниот дом Гоце Делчев во Делчево, во интерес на сите граѓани на Делчево.

Креирано од:


Пренеси го гласот