Жителите на повеќе маала на делчевското село Илиово мака мачат со своите патишта преку кои треба да стигнат до Делчево или остатокот од државата. Граѓаните кои живеат во маалата Маринковци, Марковци, Витановци и Камаканци секојдневно мораат да се движат по кал, прашина, дупки, избраздени земјени патишта за да си ги обават основните животни функции. Во денешно време на ера на глобална дигитализација овие жители само бараат почовечки услови за живот од локалните власти и градоначалникот кој што е најнадлежен а ваквата состојба. Неможејки да си ги остварат своите права овие граѓани на општина Делчево поради немањето слух на градоначалникот Горан Трајковски досега за нивните проблеми, остварија средби со претставниците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ од каде наидоа на разбирање и поддршка за решавање на нивните проблеми.
Од има на овие жители Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе предлог-барање за санирање на ваквата состојба барем со опесочување на овие патни делници и нивно проширување за да може да се разминуваат две возила.
“ Нашата Советничка група денес поднесе Предлог/Барање за санирање т.с опесочување и проширување на патот кој што води до малите Маринковци, Марковци, Витановци и Камаканци во с.Иљово.
Врз основа на нашите обврски и овластувања како Советничка група кон жителите на Општина Делчево и согласно програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на општински патишта и улици во Општина Делчево за 2023 година од Градоначалник на Општина Делчево бараме санирање т.с опесочување и проширување на патот кој што води до малите Маринковци, Марковци, Витановци и Камакање во с.Иљово.
Опесочувањето се бара поради лошата патна инфракструра која привремно е решение за граѓаните кои живеат во горе споменатите места во с.Иљово и секојдневно имаат потешкоти во извршување на секојдневните активности и обврски.
Отежнато е движењето посебно во лоши временски услови на дожд. Во овој дел од селото жители секојдневно одат на работа кон Делчево, дечиња на училиште и е единствен пат за прибирање на храна за добитокот.
Бараме во краток временски рок да се направи санирање на побараниот дел во селото затоа што истите тие жители уредно си ѓи имаат подмирено давачките кон Општина Делчево а и незмисливо е во 21 век граѓаните да газат кал за да стигнат во своите домови.”
-информираа од Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на општина Делчево.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Општина Делчево не е информирана и надлежна за проблематичниот погреб на делчевец а прашањата ги препратиле до ЈКП “Брегалница”
Иван Гоцевски: Кој дозволил телото на починат жител на Делчево да биде погребано надвор од христијанските гробишта?
Морбиден настан во Делчево: Покоен делчевчанец погребан надвор од христијанските гробишта на крајно примитивен начин