Владеачката СДСМ денеска со целата своја партиска пропагандна машинерија ја пласираат информацијата за порастот на износот на просечната плата во државата на 34.364 денари.
За бројот на исселени граѓани во странство, нема да слушне јавноста ништо од истата оваа пропагандна машинерија.
За галопирачката инфлација уште помалку може да се слушне од владините функционери…
За порастот на цените на трошоците за живот ни толку…
Во обид да остане ден повеќе на власт СДСМ одамна премина на гола пропаганда што во спрега со институционаната злоупотреба на ресурси се надеваат дека ќе им помогне во тие нивни напори.
Од друга страна на таа пропаганда е народот во државата кој самиот знае на кој начин живее т.е. преживува.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Делегација на МВР учествуваше на 15. конференција на ИНТЕРПА во Доха, Катар
Министерот Клековски ги прими новоименуваните директори на три универзитетски клиники
По измените во проектната документација – продолжуваат градежните активности на Домот за стари лица во Кочани