Вчера се потпиша Договор за заем меѓу Кредитната банка за обнова – КфВ и АД ЕСМ – Скопје, Договор за гаранција меѓу Република Северна Македонија претставувана од Министерството за финансии и Кредитната банка за обнова – КфВ, Посебен договор меѓу Кредитната банка за обнова – КфВ и АД ЕСМ – Скопје и Договор за ВБИФ грант меѓу Кредитната банка за обнова – КфВ и АД ЕСМ – Скопје.
Овој заем во наредните две години ќе опфати ревитализација на шест големи хидроелектрани помеѓу кои ХЕ Вруток, ХЕ Врбен, ХЕ Равен, ХЕ Тиквеш, ХЕ Шпилје и ХЕ Глобочица, кои обезбедуваат помеѓу 20 и 30 проценти од вкупното производство на електрична енергија во земјава.
Генералниот директор на АД ЕСМ, м-р. Васко Ковачевски оцени дека третата фаза на ревитализацијата на шесте големи хидроелектрани е од огромно значење бидејќи со замената на застарената и дотраена опрема ќе се постигне намалување на времето на прекин поради планирано и непланирано одржување, што ќе значи достапност на постројките од 100 проценти на годишно ниво по завршувањето на проектот.
Тој додаде дека проектот е усогласен со обврските од Зелената агенда за Западен Балкан, со заложбата за транзиција кон чиста енергија и ќе придонесе за имплементација на Стратегијата за развој на енергетиката на нашата држава до 2040 година, која има цел намалување на емисиите на стакленички гасови за 61 проценти, споредено со 2005 година и учество на обновливите извори на енергија во бруто потрошувачка на финална енергија на 45 отсто.
Овие договори овозможуваат реализација на инвестиција од 36,2 милиони евра со кои правиме значајни чекори во обезбедувањето енергетска независност и тоа преку инвестиции во обновливи извори на енергија.
извор:АД ЕСМ Скопје

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Делегација на МВР учествуваше на 15. конференција на ИНТЕРПА во Доха, Катар
Министерот Клековски ги прими новоименуваните директори на три универзитетски клиники
По измените во проектната документација – продолжуваат градежните активности на Домот за стари лица во Кочани