БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Златко Ориѓански прозван како “Лажго, без трошка срам”

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

На социјалните мрежи Златко Ориѓански сподели свој статус со кој очигледно сакал да се пофали за својот удел во создавањето на музиката на бендот Анастасија која што била искористена за филмот “Пред Дождот” на Милчо Манчевски.

Набројувајки ги имињата на Трајковски, Ориѓански, Спасовски како луѓе кои што ја правеле музиката за филмот, Златко Ориѓански намерно или не, го изоставил името на оригиналниот гитарист на бендот Анастасоја- Климе Ковачески кој што со својот креативен удел и со своите технички можности во далечната 1989 година заедно со Горан Трајкоски и Зоран Спасовски ги создале легендарниот звук и воопшто музички наратив, кој подоцна биле искористени за потребите на филмот преку нови снимки.

На фејсбук страната Anastasia Band се споделени повеќе информации со кои што се разобличува обидот на Ориѓански да се наметне себеси на сметка на трудот и талентот на неговиот претходник Климе Ковачески, кој несомнено има огромна заслуга за конституирањето на звукот, сензибилитетот и воопшто артистичкиот израз на бендот Анастасија.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

На интернет исто така е достапна веб страната http://anastasiaband.com/ која што е посветена на оригиналниот состав на бендот Анастасија каде може да се слушне оригиналниот звук на нивната музика од 1989 година.

Креирано од:


Пренеси го гласот