По вчерашниот митинг во Спортската сала “Борис Трајковски” во Скопје и искажаните пораки од страна на Зоран Заев, денеска со своја реакција во јавност се јави Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев.
Тој го обвини Зоран Заев за искривоколчување на вистината и бегството од фактите кое го прават актуелните власти, зборувајќи за се и сешто само не за криминалот кој што според Јанушев се случува во нивните редови.
“Кога го слуша човек говорот на Заев, ќе забележи дека се истите лаги, стaрите фрази како од пред 5 години.
Но, разликата е тоа што денес сме 2019 година, и народот веќе на дело ги има согледано лагите на Заев и тие едноставно веќе не минуваат.
И тој збори за се, ама не збори за криминалот од 200 милиони евра со ТЕ-ТО. Истиот случај кажува и дека кога парите се во прашање, рускиот тајкун кој ја однесе во стечај Топлификација, а Владата му овозможи извлекување на пари, е најдобар партнер на луѓето од Власта. Па така, нема одговори како се случи со парите да избега рускиот тајкун, а Владата на Заев да прости долгови кон УЈП и покрај лажниот стечај од 24 милиони евра.
Како фамозната ЕДС потпиша договор за соработка со ТЕ-ТО и која е улогата на Анѓушев во доделувањето на државната помош, и како Лукаревска го одолговлекувала наплаќањето на данокот за ТЕ-ТО и со тоа овозможила тој данок никогаш да не се плати.
Во демократски земји, за афера како ТЕ-ТО од 200 милиони евра, паѓа Влада за 2 минути, “
-напиша на Фејсбук, Игор Јанушев.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист
Гордоста на Брегалничкиот регион- Ансамблот “Македонија” во Делчево ја покажа најсилната страна на Македонскиот идентитет
Вашето дете често се буди навечер? Дознајте што можете да направите на бесплатната онлајн обука на dm и „Матрона“!