Денес Градоначалникот на општина Велес Марко Колев ја обзнани прв информацијата дека се пушта во употреба реконструираниот мост кој што претставува дел од значајна сообраќајна артерија за Велес и соседната општина Чашка без кој едноставно градот не може да функционира.
Реконструкцијата траеше 6 месеци а овој краток временски период за реализација на проектот е показател за УСПЕХ кога се знае, сака и може.
Општина Делчево на улица Индустриска преку река Брегалница има ист ваков мост граден во 70-тите години од страна на армијата, кој што е во загрозувачки лоша состојба на неговите конструктивни елементи. Фундаментите се изместени од своите првобитни положби, носечките столбови се испукани со подолжни несразмерно големи прснатини, поместени од своите проектирани осовини, главните носачи се дестабилизирани а целиот мост само Божја рака се чини го држи во целина.
Имам алармирано за овој проблем повеќе пати во јавност, но се чини “мудрите глави” се чувствуваат комотно во својата неспособност и незаинтересираност за решавање на овој проблем се додека не се случи некоја катастрофа (не дај Боже).

За реализација на вака значајни проекти потребен е Политичка волја, ТИМ и визија.
(Принт скрин во прилог- извадок од програмата на актуелниот градоначалник со која ја доби довербата на граѓаните во рамки на неговиот прв мандат 2017-2021 година, во која вети дека реконструкцијата на мостот на ул Индустриска ќе заврши до 2018 година. Денес сме 2025 година и абер се нема за да се реши овој проблем)
Напомена за оние кои не се од Делчево: Станува збор за еден од (дури) двата патни мостови од витално значење за градот кој се наоѓа во централното градско подрачје и кој е исто така важен затоа што преку него се оди за Туристичкиот локалитет Голак.
Едит: Дополнителна фотографија од изгледот на мостот кај Башино село кој што е сосема од ист тип како мостот на ул Индустриска во Делчево.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Градоначалникот на Делчево Иван Гоцевски дел од јавниот форум „Жените знаат што им треба“, во организација на Здружението „Гласен Текстилец“ во Штип
ПОТПИШАНИ ДОГОВОРИ ЗА РАБОТНО АНГАЖИРАЊЕ ВО РАМКИ НА ПРОГРАМАТА ЗА ОКР ВО ОПШТИНА ВИНИЦА
Распишан конкурсот за општински стипендии за академската 2026/27 година