БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Зошто ОЈО Делчево не постапува по определени кривични пријави против функционери на власта во Делчево?

Пренеси го гласот

Се чини во јавноста дека непостапувањето на Основното Јавно Обвинителство во Делчево стана мала пракса од која штета трпат граѓаните на оваа општина во крајниот исток на државата. Дали станува збор за непостапување по пријави по допрен глас или пак пријави по други основи, веќе симптоматично е непостапувањето на оваа значајна институција во Делчево со што граѓаните ја губат вербата во институциите на државата.

Како интернет портал во минатото повеќе пати пренесувавме информации за скандали на власта кои што намаат одговори од надлежните кои се вмешани во повеќе случаи кон кои како еден од ретките интернет медиуми сме упатувале мноштво на прашања во врска со различни состојби и ситуации, кои не добиваат никаква судско-обвинителска разврска и тоа подолг период наназад.

За илустрација ќе го посочиме случајот за кој што во минатото нашиот портал пренесе повеќе информации достапни тука и тука, за кои што индиции и наводи опишани во овие статии нема постапување од страна на надлежниот јавен обвинител во Делчево.

Зошто се крие пријавата во фиоките на ОЈО Делчево за наводите кои што опозициската ВМРО-ДПМНЕ ги изнесе во јавност со фотографии и прашања , дали директорот на ЈКП “Брегалница” Делчево ја злоупотребувал својата положба и овластувања при уредувањето на дворот на неговата семејна куќа?

Иако потоа на друга јавна прес конференција од страна на опозицијата во Делчево тогаш беа повикани надлежните органи од МВР и ОЈО Делчево да ја проверат оваа ситуација, сепак до ден денешен во јавноста овој случај нема соодветна разврска.

Дали овој случај ќе добие соодветна разрешница во наредниот период?

Јавно прашуваме дали во фиоките на ОЈО Делчево има уште вакви или слични случаи за непостапување од страна на надлежниот јавен обвинител?

Овие прашања заслужуваат одговор пред делчевчани и целокупната јавност во државата кои имаат право да го знаат одговорот, со цел малку од малку да се зголеми довербата во правосудните органи и обвинителството во Македонија.

Креирано од:


Пренеси го гласот