БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

15 студенти од Пробиштип ќе добијат стипендии за студии на Универзитетот за туризам во Скопје

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денеска во посета на општина Пробиштип беше ректорот на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, проф. д-р Аце Миленковски заедно со негови соработници.

Притоа во рамки на средбата со градоначалникот на општина Пробиштип беше потпишан Меморандум за соработка меѓу општината и универзитетот.
Во рамки на Меморандумот е предвидено доделување на 15 четиригодишни стипендии за идни студенти од Пробиштип на еден од шесте факултети во рамки на универзитетот.

ℹ️ Денес со ректорот на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, проф. д-р Аце Миленковски потпишавме меморандум за соработка која би се одвивала во насока на партнерство и поддршка за аплицирање и реализација на проекти во иднина.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

✅ Воедно меморандумот вклучува и доделување на 1️⃣5️⃣ стипендии за академската 2022/2023 година, истите опфаќаат четиригодишно стипендирање, а ќе се доделат на ученици од нашата општина, кои ќе можат да се упишат на еден од шестте Факултети во склоп на Универзитетот.Благодарност до ректорот и неговиот тим за укажаната можност, се надевам на идна успешна соработка.”

-соопшти Градоначалникот на општина Пробиштип Драган Анастасов.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace