Општина Кочани во соработка со Клубот за планинарски спортови „Осоговски орел“ од Кочани, под мотото „Пешачењето е здравје“ реализираше прошетка околу езерото Гратче во која учество зедоа неколку десетици млади луѓе од Кочани.
Членови на КПС „Осоговски орел“, граѓанки и граѓани- рекреативци поминаа патека долга 7 км, почнувајќи од местото Тополник, преку Галабо до Мактеон, па се спуштија кон Водопадот на Голема Река. Попатно правеа паузи уживајќи во сончевото претпладне, во природата и убавините на познатиот кочански предeл.
Во прошетката учествуваше и градоначалникот Љупчо Папазов, кој истакна дека целта на оваа активност иницирана и поддржана од Општина Кочани е да ја поттикнува физичката активност како фактор за добро здравје, соработката со граѓанскиот сектор и едновремено да ги потенцира природните потенцијали на Кочани.
Активноста се реализира согласно Локалниот акциски план за еднакви можности на жените и мажите за 2024 г.
Овој настан е убава можност за унапредување на соработката меѓу младите луѓе и институциите на локално ниво од една страна но и афирмација на локалните знаменитости и потенцијали кои што можат да се искористат за промоција на општината Кочани.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Градоначалникот на Делчево Иван Гоцевски дел од јавниот форум „Жените знаат што им треба“, во организација на Здружението „Гласен Текстилец“ во Штип
ПОТПИШАНИ ДОГОВОРИ ЗА РАБОТНО АНГАЖИРАЊЕ ВО РАМКИ НА ПРОГРАМАТА ЗА ОКР ВО ОПШТИНА ВИНИЦА
Распишан конкурсот за општински стипендии за академската 2026/27 година