Во првиот круг на претседателските избори во Делчево убедлива победа извојува кандидатката поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата “Твоја Македонија” Проф. Гордана Сиљановска Давкова над останатите кандидати.
Со 3547 или 47,2% од вкупниот број на гласови кандидатката на опозицијата издоминира на изборите во Делчево пред кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски кој освои 2.766 или 36,81% од гласовите. Победа извојува тимот на Гордана Силјановска Давкова на најголем број од избирачките места како во градот Делчево така и во селските средини.
Трет на листата на освоени гласови е кандидатот на движењето ЗНАМ Максим Димитриевски со освоени 634 гласови или 8.44% од гласовите.


Додека штабот на СДСМ во Делчево ги изгасна сијалиците многу бргу по 19.00 часот откако почнаа да пристигаат првите резултати од избирачките места, во штабот на ВМРО-ДПМНЕ во Делчево доцна во ноќта се славеше победата на овие прв круг од претседателските избори.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Гордоста на Брегалничкиот регион- Ансамблот “Македонија” во Делчево ја покажа најсилната страна на Македонскиот идентитет
ПОВИК ЗА МЛАДИ: БЕСПЛАТНО УЧЕСТВО НА CASSINI SPACE CAMP
Делчево- единствената општина од регионот која го доби престижното признание “Младински пријателски град”