БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Градови на духовите во Италија- нешто што би можело да ја снајде и Македонија

Македонија се уште не е претворена во земја со изразен број на села и градови на духови. Присутни се испразнети села особено во крајниот исток на државата, но постои потенцијал за заживување на овие некогаш живи села. Се уште има луѓе кои што гравитираат кон руралните населени места од кои потекнале.... Потенцијалот за развој на економски активности постои, но општата состојба во државата е алармантна, така што таму каде што е најтенко се кине. Селата во Македонија се чувари на идентитетот. Местата, топонимите, реките, доловите, падините, планините... Сето тоа е Македонија чиј бисер- Македонскиот народ е нејзин автентичен украс со непроценлива вредност. Овој прилог зборува преку неколку примери за постоечкиот тренд на празнење на населени места и во најразвиените земји во Европа....
HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Градови на духовите се градови или села кои што се напуштени од нивните роднокрајни жители, дали поради причини од природни катастрофи како што се земјотреси или лизгање на земјиште или поради економско, демографско, структурно или причина поврзана со животната средина. Овие причини може да бидат недостиг на модерни трендови, застареност на активноста на локалната економија (рударство) изградба на пруги или патишта кои ги одминуваат ваквите градови, недостигот на природни ресурси или едноставно поради изумирање на постарата популација.

Оваа судбина која што се наѕира по помалите градови особено низ Источна Македонија би можела да ги снајде денешните градчиња кои што мака мачет со голата егзистенција во овие места. Масовниот одлив на млада работоспособна популација не запира, но присутен е уште еден нов тренд во кој повозрасните жители на Источна Македонија кои имаат свои деца некаде по западноевропските земји да заминат и тие таму, првенствоно поради заедничкиот живот со нивните деца и внучиња.

Така низа помалите градови во Источна Македонија може да се забележат цели улици на кои ноќно време се свети само во 2-3 куќи а голем дел од испразнетите некогаш полни со детски џагор живеалишта се продаваат.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Локалните економии претежно се доведени во зависност од финансиите на централната власт, без никаков концепт и изгледи за подобрување на состојбата.

Ваквите испразнети градови/села во Италија се пренаменуваат во уметнички простори/колонии или живеалишта за бегалци и емигранти. Што е особено интригативно е што ваквите градови/села се оставени негибнати, како да се исселени преку ноќ, редовно оставајќе белег за минатото кое изгледа како да е замрзнато од времето.

Во Италија со голема концентрација на вакви напуштени градови/села може да се пронајдат во нејзините јужни делови кои што се познати по својата сеизмичка активност, но исто така има Градови на духови во Лигуриа, Емилија Романа, Тоскана и Лацио.

Вакви се градовите:

Крако во Провинцијата Метера во Италија

Пентедатило во областа Калабрија

Ромањано ал Монте во областа Кампаниа

Росињо Векија во областа Кампаниа

Целено во Лацио

Монтерано во Лацио

Џиарињо ди Нимфа во Лацио

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace