БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

10 нови болнички кревети за Здравствен дом -Виница

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Итната помош и интерното одделение во Виница ги подобрија здравствените услуги за пациентите со обезбедување на нови современи болнички кревети кои стигнаа веќе во здраствениот дом во Виница од Ротари клубот Кочани -Виница, а се донација од виничанецот  Владимир Лазаров кој живее и работи во Германија.

Донацијата беше поздравена од првиот човек на Здравен Дом , д-р Венко Данчев, претседателот на Ротари клубот Јован Попов, а јавна благодарност упати и градоначалникот Ивица Димитров.

 Покрај Виница, 40 кревети се распоредени и на одделенијата во болницата во Кочани. Болничките кревети се со електричен механизам, и се производство на германската фирма Хил Рол, и се во вкупна вредност од околу 100 000 евра. Во овој хуманитарен чекор на Лазаров, посредуваше општинската организација на Црвен Крст Виница. Инаку, Ротари клубот Кочани-Виница, пред само неколку месеци донираше и ЕКГ апарат за потребите на Итната помош во Виница.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace