Првото новороденче во Штип е машко. Градоначалникот на општината Иван Јорданов му посака добредојде на овој свет на првиот нов штипјанец за 2023 година со честитки и скромни подароци за неговата мајка и неговото семејство.
“Марко се роди во година, од која очекуваме позитивна промена во сите сфери на нашето постоење!
На фамилијата која доби нов член, првороденчето во Штип за 2023 година посакувам да им донесе среќа во нивните животи, а него да го следи здравје и успех!”
-напиша градоначалникот на Штип Иван Јорданов во врска со овој настан.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Директор на јавното претпријатие во Македонска Каменица осомничен за злоупотреба на службената положба и овластување
32 годишен штипјанец нападнал референт во ЈП “Национални шуми”
Кривична за 56 годишен беровец кој поттикнувал омраза на социјални мрежи