Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ денеска е во работна посета на Кочани.
Во рамки на неговата работна агенда тој се сретна со претставници на бизнис секторот во оваа општина од нашиот регион, при што биле споделени идеи и размислувања за постојните можности но и проблеми со кои се соочува бизнис заедницата во Кочани и пошироко во регионот.
Мицкоски од средбите упати определби за задржување на рамниот данок во државата со кој што на сите граѓани им се овозможува подеднаков третман пред институциите од идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Истовремено порача дека ќе ги направи сите напори за намалување на процентниот износ на постојните даноци со што дополнително ќе овозможи дополнителни пари да останат кај граѓаните за подобрување на нивниот личен и семеен стандард.
Во продолжение во целост го пренесуваме соопштението на Христијан Мицкоски во оваа прилика:
“Денес во рамките на акцијата на теренски посети „Мицкоски со граѓаните“ сум во посета на Кочани и Кочанско. Вчера остварив посета на Стопанската комора на Македонија, а денес ја продолжувам теренската посета на бизнис компаниите низ државата. Конкретно сум во посета на конфекција “Алекс” во индистриската зона во Кочани.
Разговаравме за условите за водење на бизнис и тоа што треба државата да го направи за развој на бизнисот. Државата не смее да биде пречка за бизнисот, туку поддршка за развојот на бизнис. Она кон што ќе бидеме насочени е токму обезбедувањето на подобри услови за бизнис со цел подобри услови за работниците и поголеми приходи.
Затоа планираме да ја зацементираме политиката на ниски даноци и задржување на рамниот данок, но воедно ќе се потрудиме и да извршиме влијание за намалување на постојните даноци што ќе значи повеќе пари за граѓаните и за бизнисот. Државата ќе се откаже од дел од давачките за да тие се вратат во стопанството. Ако може да се карактеризира нашата програма, таа пред се ќе биде економска. Но, воедно важен аспект на кој ќе посветиме внимание и важен предуслов за ова е токму обезбедување на владеење на правото и правната држава. Не смее повеќе во државата да ни се случува криминалци да шетаат на слобода и мистериозно да исчезнуваат, да се прави трговија со правдата пред и по избори. Тоа штети на правдата, на бизнисот, на граѓаните. Ќе се бориме за подобар стандард и за повеќе правда и почитување на законите . Тоа е работа на која се обврзуваме. “


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заложбите на градоначалникот на Берово Петар Ружински даваат резултати: Две нови големи инвестиции во Малешевијата за подобар стандард за сите беровчани
Нова перспектива за развој на локалната економија во Пехчево
Стоп за досегашната фушерајска изградба на градежни работи во Делчево