Претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ од Општинскиот комитет во Штип Весна Ничева денеска во јавност обелодени нов противзаконски скандал во кој се инволвирани директори на училишта како во Штип така и пошироко.
Имено според Ничева станува збор за прекршување на Член 12 од Законот за наставници и стручни соработници во основните и средните училишта во постапки за избор на нови наставници и стручни соработници во училиштата во Штип.
Во продолжение во целост го пренесуваме текстот на прес конференцијата на Весна Ничево од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Штип:
“Предизборна паника владее во СДСМ, а истата очигледно ги води во слепа улица и незаконско работење.
Доказ за тоа е следново…
Во декември 2019 година основните и средните училишта во Штип и регионот распишаа јавни огласи за пополнување на испразнети места со наставници, на определено време до 31.08.2020 година. При изборот на кандидати за наведените огласи, согласно член 10 став 3 од Законот за наставници и стручни соработници во основните и средните училишта, донесен од актуелната Влада, се предвидува кога на јавниот оглас ќе се јават повеќе кандидати предност имаат оние, кои имаат повисок степен на соодветно високо образование и ПОВИСОК ПРОСЕК во текот на додипломските студии. Согласно член 12 од истиот закон, Директорите на училиштата мора да се придржуваат до ова, односно предност да му дадат на кандидатот со повисок просек. Она што е логично, а во случајот и јасно утврдено со закон, не се почитува од страна на некој од директорите на училиштата во Штип па и пошироко. Имено, истите изборот го прават врз основа на лично убедување и партиска припадност, кое е сосема спротивно од законот.
За овие нерегуларности во работата е пријавено до Државниот просветен инспекторат, кој ги има утврдено неправилностите и за истите има издадено Решение. Сепак, ароганцијата оди до таму што некој од директорите продолжуваат да го игнорираат прекршувањето.
Ги повикуваме Државниот просветен инспекторат да ја продолжи постапката и да покрене соодветни прекршочни пријави за непочитување на законските одредби. Во спротивно соодветни пријави ќе бидат поднесени против сите учесници, директни и индиректни кои го кршат законот.”


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заложбите на градоначалникот на Берово Петар Ружински даваат резултати: Две нови големи инвестиции во Малешевијата за подобар стандард за сите беровчани
Нова перспектива за развој на локалната економија во Пехчево
Стоп за досегашната фушерајска изградба на градежни работи во Делчево